Ансамблот Керамичар е формиран 1954 година.
Денес ансамблот брои над 250 членови од кои
поголемиот број се
ученици и студенти.
Ансамблот Керамичар од неговото формирање
па до денес има изведено повеќе од 3500
концерти. Ансамблот Керамичар учествувал на
разни фестивали, културни манифестации,
прослави, средби, музички ревии на кои
благодарение на врвниот квалитет на
своите изведби има добиено многу плакети,
дипломи, пофалници и други награди и
признанија помеѓу кои најзначаен е
сребрениот гердан освоен на ММФ во Дижон – Франција. Ансамблот има снимено неколку грамофонски плочи со народни песни и ора од својот богат репортоар. Репортоарот на амсамбалот Керамичар е необично разновиден по форма и ритам што Македонскиот народ со векови го носел низ својата историја. Младоста и големиот ентузијазам на членовите на ансамбалот се вткаени во песните и ритамот на народните ора од Македонското поднебје. Градот Велес со повеќе од 50 000 жители е сместен во централна Македонија. Велес е познат револуционерен, културен и едикативен центар на Македонија. Познатиот поет Коста Рацин и други познати личности од минатото се родени во Велес. Денес Велес е индустриски град со богата керамичка традиција.